Руни: Моите „ножички“ се подобри, нека погоди со „цеваница“ да го видам (ВИДЕО)

По спекталкуларните „ножички“ на Кристијано Роналдо против Јувентус, почна и дебатата за тоа кој има дадено најдобар гол на ваков начин. 

Се огласија Питер Крауч, Златан Ибрахимовиќ, па и неколку дргуги фудбалери, а последен реагираше и Вејн Руни. Англичанецот исто така даде гол со „ножички“ кога го носеше дресот на Манчестер јунајтед против градскиот ривал Манчестер сити.

Рио Фердинанд на „Твитер“ напиша дека Роналдо го дал најдобриот гол со „ножички“, но Руни не се согласува.

„Му пратив порака на Фердинанд. Мислам дека всушност техниката е многу потешка ако ударот го направите со “цеваница', па затоа мислам дека мојот гол беше подобар“, изјавил Руни.

Во продолжение ви ги претставуваме двата гола, па вие самите проценете кој гол е подобар.