Роналдо во клинч со своите соиграчи: Зошто не ми додавате?

Реал Мадрид не успеа да победи во граддското дерби против Атлетико, а тоа наводно доведе до расправија помеѓу Кристијано Роналдо и останатите соиграчи.

Веќе извесен период капитенот на Реал, Серхио Рамос, не е во добри односи со Португалецот, кој сега им се нафрли и на останатите мадридисти.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Роналдо по ремито со Атлетико во саботното градско дерби во соблекувалната го нападнал тренерот Зидан, но и соиграчите Лука Модриќ, Иско и Асенсио.

„Јас давам сѐ на теренот и не сум играч кој треба да го обвинувате за ова. Не ми ја додавате топката често“, наводно рекол Португалецот.

Роналдо најмногу му замерува на Зидан бидејќи во летниот трансфер период ги продаде Алваро Мората, Хамес Родригез и Пепе, а не им најде вистински замени туку се реши да се потпре на младите играчи.