Роналдо веќе има план за иднината и избрал каде ќе ја заврши кариерата?

Кристијано Роналдо е главна тема во претходните недели во италијанските медиуми, кои шпекулираат дека Португалецот ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, а за него заинтересирани се неколку гиганти.

Роналдо се поврзува со екипите на ПСЖ, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но тешко дека ќе се реализира било кој од тие трансфери затоа што италијанскиот новинар Клаудио Раимонди откри дека Португалецот веќе имал друг план.

Раимонди откри дека Роналдо ќе остане во Јувентус уште една сезона, по што ќе си замине како слободен фудбалер од поранешниот италијански шампион.

Откако ќе му заврши договорот со Јувентус, Роналдо сакал да се врати во Спортинг Лисабон, каде што планира и да ја заврши неговата кариера.