Роналдо: Син ми се исплаши кога ја виде мојата куќа!

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, откри дека неговиот живот бил навистина тежок.  

Тој е роден во Мадеира во сиромашно семејство, сонувал еден ден да стане професионален фудбалер и неговиот сон се оствари на 12-годишна возраст кога го напуштил семејството и заминал во Спортинг.

По почетоците во тимот од Лисабон, Роналдо потпиша за Манчестер Јунајтед, а остатокот е историја. По тој потпис  освои сè што можеше да посака еден фудбалер.

Роналдо сакаше неговиот најстар син Јуниор да види каде израснал неговиот татко, па го одведе во домот во Лисабон, каде што живеел со пријатели.

Бев возбуден кога видов каде поминав дел од моето детство. Тој бил многу пати во Мадеира, а сега го одведов во Лисабон за да види каде живеев. Сè уште има луѓе живеат таму. Бев шокиран кога ги видов, затоа што не очекував дека можно е да има некој таму. Влеговме во собата во која некогаш зивевме јас и Паисао. Мојот син се исплаши и не можеше да верува во тоа. Не е лесно во животот, па децата нека видат дека овие пари не се паднати од небо. Сакам да му покажам на мојот син дека не е сè во талентот и дека само работата и посветеноста можат да ви го донесат она што го сакате, истакна Роналдо.