Роналдо постави нов рекорд со голот против Вест хем (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ја продолжи неговата голгетерска форма во дресот на Манчестер јунајтед, па така постигна гол и против Вест хем, кој му донесе нов рекорд.

Роналдо досега за „црвените ѓаволи“ постигна два гола против Њукасл и еден против Јанг Бојс, а со погодокот против Вест хем во Лондон, тој стигна до бројката од 66 различни стадиони во топ-5 лигите на кои постигнал гол во кариерата.

Зад Роналдо во оваа статистика останува Златан Ибрахимовиќ, кој постигна голови на 64 различни стадиони.