Роналдо имал емотивна средба со легендарниот Фергусон (ФОТО)

Јувентус синоќа успеа да победи против Манчестер јунајтед со 1-0 на гостувањето на „Олд Трафорд“ во рамки на третото коло од групната фаза на Лигата на шампиони, а во центар на внимание беше настапот на Кристијано Роналдо.

Роналдо имаше одличен настап против својот поранешен клуб, па навивачите го пречекаа со големи овации, а по дуелот Португалецот испрати порака до легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон.

„Одличен тренер и прекрасен човек. Ме научи многу работи во теренот и надвор од него. Мило ми е што те гледам во одлична форма, шефе!“, напиша Роналдо.