Роналдо и официјално е најдобар голгетер на сите времиња (ФОТО+ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вечерва му даде два гола на Тотнем во првото полувреме на „Олд Трафорд“, со што Португалецот дојде до уште еден неверојатен рекорд. 

Фудбалерот на Манчестер јунајтед сега има 806 голови на официјалните натпревари и го мина легендарниот Јозеф Бичан. Тој сега и официјално е најдобар голгетер на сите времиња.