Роналдо ги „пушти“ плетенките од Георгина, па сега има – бесна фризура (ФОТО)

Според многумина, најдобриот светски фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, одамна не постигнал гол, но и покрај тоа речиси секојдневно е во центарот на вниманието на светската јавност, која со нетрпение го очекува продолжувањето на сезоната во Серија А.

Португалецот денеска преку социјалните мрежи се пофали со новата фризура, која многумина ја оценија како „бесна“, а е плод на неодамнешните плетенки кои му ги направи неговата свршеница Георгина. Тогаш сите гледаа во нејзините гради, наместо во фризурата на Роналдо, па денеска тој реши да објави фотографија на која е сам, за повторно да не се најде во втор план.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Approved ? 🤔

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Фудбалерот на Јувентус ги праша своите фанови дали ја одобруваат неговата нова фризура, па за еден час собра скоро четири милиони лајкови.