Роналдо е еден од најдобрите на светот, ама кога шутира слободни удари е – најслаб!

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо без дилема заедно со Лионел Меси веќе деценија ипол се најдобрите фудбалери на денешницата, ама ако се гледа колкав му е учиниокот кога шутира слободни удари е – убедливо најслаб.

Португалецот во својата кариера има постигнато многу извонредни голови од слободен удар, но во последно време едвај еднаш успеа да погоди, а статистичарите пресметаа дека од доаѓање во Јувентус во летото 2018 година, извел дури 67 слободни удари, а едвај еднаш ја погодил мрежата.

Од 67-те шутнати слободни удари, Роналдо 44 пати погодил во живиот ѕид, 22 пати го промашил целиот гол, а само еднаш погодил во мрежата, што е ужасно лошо и практично португалскиот ас може вода да му носи на нашиот Енис Барди, кој во Ла Лига на пример е втор најдобар изведувач на слободни удари после Лионел Меси од 207 година наваму.

Португалецот прв и единствен пат кога даде гол од слободен во Серија А е летоска против Торино во победата со 4-1.