Роналдињо до Меси: Многу сум радосен кога ќе те видам со „златната топка“ - сѐ заслужуваш!

Бразилскиот вируоз и поранешен освојувач на „златната топка“, Роналдињо му упати честитка на својот поранешен соиграч во Барселона, Лионел Меси за седмата „златна топка“ која Аргентинецот ја освои синоќа во Париз.

Меси победи во изборот на „Франс Фудбал“ за 33 гласа пред Роберт Левандовски, а италијанскиот репрезентативец Жоргињо беше трет во годинешниот избор за најдобар фудбалер на светот.

„Честитки Лео! Многу сум радосен што повторно ја освои 'златната топка', тие буквално сѐ заслужуваш што ќе ти се случи во животот. Веќе дојде до седум, уф многу. Честитки пријателе мој“, објави Роналдињо.