Рома во финишот го скрши Сасуоло и скокна на третото место (ВИДЕО)
Долго време се мачеше Рома да го скрши отпорот на гостите, а тоа се случи дури во финишот од сребата. Сасуоло во првиот дел дури беше и за нијанса подобар противник.
Во второто полувреме сликата сепак се промени и Рома почна да доминира. Резултатот го отвори Коне во 76. минута, а само три минути подоцна Суле ги постави конечните 2-0.
Со овој триумф Рома скокна до третото место со 39 освоени бодови.