Рома ќе го шутне Фонсека: Макс Алегри доаѓа на кормилото на „волчицата“?

Италијанска Рома му подготвува отказ на актуелниот тренер Пауло Фонсека и на негово место планира да го донесе Масимилијано Алегри, бившиот тренер на Милан и Јувентус, најавија италијанските медиуми.

Според најавите, Алегри е подготвен да се врати во Калчото, откако пред две години си замина од Јувентус после пет шампионски титули со „старата дама“, а во моментов Рома му е единствената опција, зашто претходно се поврзуваше со клупата на ПСЖ, каде дојде Маурисио Покетино и со таа на Челси, каде Томас Тухел го преземa кормилото.

„Кориере дело Спорт“ објави дека Рома и Алегри во моментов се во интензивни преговори и веројатно се чека прво „волчицата“ да пресече и да го избрка Фонсека, за екс-кормиларот на Милан и Јувентус да седне на клупата.

Рома моментно е трета во Калчото, но раководството и навивачите не се најзадоволни од игрите на тимот.