
Роке ги спасува „каталонците“ - Барса ќе собере пари за Олмо и Вилијамс
Проблем прават и проблемите на некои од клучните играчи како Араухо, Де Јонг, Педри и Гави, па мораат да се бараат алтернативи. Одненадеж, се појави шанса Барселона да продаде еден од своите фудбалери со што би собрала пари за да ги донесе Дани Олмо и Нико Вилијамс во летниот преоден рок.
Наводно, саудискиот Ал Хилал е заинтересиран да го купи Витор Роке и за него е подготвен да плати 50 милиони евра. Ако тоа се оствари, ќе значи дека Барселона е во добивка затоа што за Бразилецот плати 10 милиони евра помалку, а во исто време ќе си го спаси летниот преоден рок.
Не е исклучено летово да бидат продадени и Рафиња и Френки де Јонг со што Барса би била во голема добивка, а во исто време ќе има исклучително млад и перспективен тим и ќе има доволен фонд идното лето да тргне по некоја мега-ѕвезда.