
Родриго и Белингам го вратија Реал на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)
Гостите ја оправдаа фаворитската улога на теренот, откако нападнаа од самиот почеток и најпрво во 14. минута преку Родриго погодија за 1-0.
Лука Модриќ во 64. минута погоди статива, а во продолжение на акцијата Родриго стрелаше за 2-0.
Кадиз имаше добра шанса само неколку минути подоцна, но ударот на Гомез го одбрани Лунин, по што во 75. минута Џуд Белингам стрелаше за 3-0.
Реал Мадрид е прв на табелата со 35 бодови, односно еден повеќе од Жирона.