Роденденски гол за Тричковски, но и пораз на АЕК од тимот на Јаневски

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна гол во поразот на АЕК Ларнака од тимот на Олимпијакос Никозија (1-2), чиј тренер е поранешниот стратег на Вардар и македонски селектор, Чедомир Јаневски.

Тричковски стрелаше од белата точка во 11. минута од натпреварот, а АЕК го имаше водството до второто полувреме, кога домаќинот за седум минути постигна два гола преку Захариоу и Сантана Кабрера (2-1).

АЕК во моментов е на петтата позиција во кипарскиот шампионат и е далеку од позиција која води во Лига Европа следната сезона.