Рибери: Неправда е тоа што не ја добив „Златната топка“

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Франк Рибери даде интервју за француски „Л’Екип“ во кое зборуваше за одличната сезона 2012/13 кога ја освои тројната круна, но не и „Златната топка“.

Многумина сметаат дека Рибери требаше да ја добие престижната награда поради неговата доминација со Баерн, но такво нешто не се случи.

„Тоа беше совршена година. Не можев подобро. Таа награда ќе остане неправда. Сè уште барам објаснување. Никогаш нема да разберам зошто го поместија рокот за гласање“, кажа Рибери.

Рибери во кариерата освои 23 пехари, а дури 12 години го носеше дресот на Баерн Минхен.