Реал во паника за Модриќ: Не знаеме колку ќе треба за да закрепне!

Грчевит израз на лицето и цврсто држење за бутниот мускул на десната нога на хрватскиот капитен е сцената која ги одбележа последните минути од ремито меѓу Хрватска и Велс (1-1) во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Реал Мадрид во вторникот ги откри деталите од повредата, па Хрватот по прегледите дознал дека има оток на десната нога и засега не е потврдено колку време ќе отсуствува од фудбалските терени.

Иако селекторот на Хрватска, Златко Далиќ кажа дека докторот на репрезентацијата потврдил дека Модриќ ќе се врати за два-три дена, сепак Шпанците тврдат дека повредата е многу посериозна.