
Реал тргна по Азар: „Кралевите“ ја испратија првата понуда за белгиската ѕвезда
Според информациите на „Сан“, на адреса на Челси стигнала понуда за Азар вредна 70 милиони фунти (782 милиони евра), но засега нема одговор од „сините“, кои се во ќорсокак, зашто ФИФА ги казни со забрана за трансфери во два преодни рокови, а Азар не сака да потпише нов договор и идното лето ќе стане слободен фудбалер, што значи може да си оди како слободен.
Азар од поодамна истакнува дека има голема желба да игра во Реал Мадрид, но сега нејасно е како ќе реагираат од Челси на сето ова. Неспорно е дека Азар на „Сантјаго Бернабеу“ сака да го види и старо-новиот тренер Зинедин Зидан.