Реал Сосиедад ремизираше со Вилјареал, но останува лидер во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Сосиедад и Вилјареал одиграа 1-1 во рамки на 11.коло Ла Лига. Двата гола беа постигнати во првото полувреме и двата од пенал.

Најпрво гостите поведоа со 0-1, откако од белата точка беше прецизен Џерард Морено во шестата минута. Капитенот на домаќините Микел Ојразабал израмни во 33-тата минута. 

Сосиедад на првото место на табелата има 24 бодови, еден повеќе од Атлетико Мадрид, кој пак има дури два натпревари помалку. Вилјареал останува трет со 20 бодови.