Реал Сосиедад на врвот во Ла Лига: Го прегази Бетис на „Бенито Вилјамарин“ (ВИДЕО)

Реал Сосиедад се искачи на првото место на табелата во Ла Лига по вечерашната победа од 3-0 на гости кај Бетис во рамки на 6.коло.

Порту ја најави победата на гостите во 43-тата минута по асистенција на Микел Ојаразабал. Овој играч потоа се запиша во листата на стрелците од пенал во 74-тата минута. Точка на победата на Баскијците стави Аднан Јанузај во 88-та минута од натреварот.

Сосиедад сега е на врвот на табелата во Ла Лига со 11 бодови од шест натпревари, колку што има и Вилјареал. Реал Мадрид е трет со 10 бодови, но и натпревар помалку.