Реал преку „Марка“ му одговори на Бејл - на господски начин!

Потегот на Герет Бејл по мечот против Унгарија и пласманот на Велс на Евро 2020 година, кога се сликаше со знае на кое пишуваше „Велс-голф-Мадрид, по тој редослед“, навивачите на Реал Мадрид кренаа револуција на социјалните мрежи, кадешто му порачаа на фудбалерот да си ги спакува куферите.

Неодамна легендарниот Предраг Мијатовиќ го критикуваше Бејл, зашто не е доволно посветен на Реал и приоритет му е Велс, па играњето на голф.

Веднаш потоа Бејл ги дочека своите „пет минути“, па одговори на несоодветен начин според многумина и ги навреди навивачите и клубот.

Долго време требаше и да пристигне реакција од „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот „кралевите“ преку шпанска „Марка“ му одговорија на Бејл на господски начин.

„Постојат гестови кои фудбалерите не треба да ги прават. Тоа што го направи Бејл во вторникот е еден од тие случаи. Јасно дека позирањето со таков натпис не е убаво прифатено меѓу навивачите, но тоа не го промени тоа што тие го мислат за него, односно дека е најдобар фудбалер кој Реал го има во моментов во составот“, пишува шпанскиот медиум.

Извори од управата на „Бернабеу“ преку медиумот порачаа дека Бејл ќе биде важен дел од екипта до крајот на сезоната, односно дека не планираат да го продадат на зима.