Реал Мадрид го посакува најбараниот играч од средниот ред во Европа

И покрај тоа што Бруно Фернандес беше близу до трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, сепак тоа не се случи. Потоа се споменуваше и за интерес на Манчестер Сити, но играчот на Спортинг остана во клубот од Лисабон.

Сега својот фокус кон него го насочи шпанскиот гигант Реал Мадрид. Имено, тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, по секоја цена сака да го засили средниот ред со уште еден веќе истакнат фудбалер, па гледа добра шанса во репрезентативецот на Португалија, пишува „А - Бола“.

Фернандес е меѓу најпосакуваните играчи од средниот ред годинава, а во дресот на спортинг запиша импресивни бројки. Тој на 50 натпревари постигна 31 гол и 17 асистенции минатата сезона.

Португалците за него бараат 70 милиони евра, кои Реал не е подготвен да ги плати, бидејќи посакуваат прво да си ја пробаат среќата со Кристијан Ериксен од Тотнем, но Англичаните не сакаат да го пуштат.