Реал Мадрид дефинитивно ќе се раздели од капитенот!
Десниот бек на „кралскиот клуб“ имаше големи проблеми со повреди и Реал Мадрид не сака повеќе да го задржи во тимот.
Карвахал оваа сезона настапи на 21 натпревар за „кралевите“, а притоа не запиша ниту асистенција, ниту погодок.
Шпанецот речиси цела кариера ја помина во Реал Мадрид, освен сезоната 2012/13 кога играше во Баер Леверкузен.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.