Реал Мадрид ја соопшти одлуката за иднината на Лопетеги!

Реал Мадрид не игра добро сезонава, па на последните четири дуели во шпанската Ла Лига имаат три порази и едно реми, додека во Лигата на шампиони синоќа запишаа триумф против Викторија Плзен во рамки на третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Главна тема на медиумите е тренерот Хулен Лопетеги, кој веќе некое време се поврзува со отказ  и заминување од Мадрид, а конечно се јави и еден од директорите на „кралевите“ во јавност.

Победата во најелитното европско натпреварување ги смири страстите во Мадрид, но сега пред „кралевите“ е најголемиот предизвик, а тоа е натпреварот против Барселона.

„Лопетеги ќе седи на тренерската клупа во ‘Ел Класико’. Во вакви ситуации мора да останеме мирни и да им веруваме на играчите. Натпреварот во недела е голем мотив за нас. Сè е нормално, ова е фудбал и ги слушнавме шпекулациите дека тренерот ќе замине, но ние сме фокусирани на дуелот против Барселона“, соопштија од Реал Мадрид.