Реал ироничен по повредите на главните играчи: Имаме добра вест, ќе бидат подготвени до март

Откако Реал последната недела остана без двајца исклучително важни играчи Едуардо Камавинга и Винисиус, менаџментот на мадридскиот клуб на ироничен начин ги прозва Шпанската фудбалска федерација, УЕФА и ФИФА.

Првата прозивка дојде еден ден по повредата на Камавинга кој нема да биде во тимот во следните 2,5 месеци. Тој се повреди пред мечот со Гибралтар кој Французите го добија со 14-0.

„Наме што да кажеме, тоа беше подготовка за еден спектакуларен натпревар“, беше реакцијата на Реал.

Подоцна се повреди и Винисиус кој исто така ќе биде надвор од тимот долго време, па во мадридскиот клуб не можеа да издржат.

„Имаме добра вест. Повредените играчи ќе оздрават до март, па ќе им бидат на располагање на своите репрезентации. Се за РФЕФ, ФИФА и УЕФА“, искоментираа од редовите на шпанскиот гигант.

Во ноемвриските квалификации за Европското и Светското првенство се повредија дури 12 фудбалери, а засега најлошо помина Гави од Барселона за кого е завршена оваа сезона.