Реал и Интер пред размена на фудбалери вредна – 100 милиони евра!

Европските гиганти Реал Мадрид и Интер се наоѓаат во сериозни преговори за размена на двајца фудбалери, чија заедничка вредност изнесува 100 милиони евра, а кои се незадоволни од статусот што го уживаат во сегашните клубови.

Станува збор за Иско и Кристијан Ериксон, двајцата офанзивни играчи за врска. Данецот дојде во Милано во јануари за 20 милиони евра од Тотнем, но не се снајде најдобро, односно не се избори за стандардно место во првиот тим на „нераѕурите“. Иско, пак, подолго време сака да ги напушти „кралевите“ бидејќи смета дека не е доволно ценет од тренерот Зинедин Зидан.

Засега има проблем околу овој трансфер, бидејќи Реал го проценува Иско на 70 милиони евра, а цената на Ериксон е 30 милиони евра. Засега не е јасно дали Интер е подготвен да ја плати разликата, а ако двете страни најдат заеднички јазик, тогаш тоа не би била класична замена, туку секој клуб би ја платил оштетата за фудбалерот за кој е заинтересиран.