Рамос стана бесмртен - го одигра 600-от меч за Реал Мадрид!

Реал Мадрид успеа да слави со 2-1 против Ајакс на гостувањето во Амстердам во осминафиналето во Лигата на шампиони, а Серхио Рамос се запиша во историјата.

Стоперот на „кралевите“ го запиша 600. настап за Реал Мадрид, па така на најубав начин го прослави со триумф во Холандија.

Шпанецот е еден од најтрофејните фудбалери во историјата, па освои четири титули во Лигата на шампиони, четири трофеи во Ла Лига, Европското првенство во 2008 и 2012 година, Светското првенство во 2010 година и уште многу трофеи.

Исто така, Рамос со Реал беше победник во Лигата на шампиони во 2016, 2017 и 2019 година, а осум пати бил во тимот на годината на УЕФА.