Рамос постави неславен рекорд во Ла Лига

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше повторно во центар на внимание на мечот против Џирона, кој го загубија „кралевите“ со 1-2.

Рамос доби два жолти картони, па тоа му беше 20. црвен картон во Ла Лига и така стана апсолутен рекордер. Секако, тој и со 19 црвени картони беше рекордер, но сега го „поправи“ рекордот.

Шпанецот вкупно има 146 картони на 454 натпревари во шпанскиот шампионат, а тоа значи дека добива картон во просек на секои три натпревари.