Ракитиќ се враќа во Барселона, но како тренер?

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ би можел да се врати во Барселона каде помина добар дел од својата кариера, но сега во друга улога.

Шпанскиот весник АС тврди дека тој е најсериозен кандидат за асистент на новиот тренер на „каталонците“, Ханси Флик со оглед на тоа што германскиот стручњак не го познава добро шпанскиот јазик, додека Ракитиќ совршено зборува и германски и шпански. Во комбинација биле уште Тијаго Алкантара, Марк Бартра и Хави Мартинез, но сите тројца се уште се активни фудбалери и сакаат да ги продолжат своите кариери.

Активен е и Ракитиќ, има 37 години и игра во саудискиот Ал Шабаб со кого е врзан и идната сезона, но најверојатно планира да стави крај на кариерата. Тој одличо ја познава Барселона, за овој клуб одигра 333 натпревари и освои 13 трофеи, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите и четири во шпанското првенство.