
Рајо Валјекано двапати водеше и не ја победи Жирона
Палазон го постигна првиот гол во 23. минута за водство од 1-0, по што Циганков израмни на 1-1 во продолжение. Рајо се враќа во предност преку Трехо во 34. минута, но истиот фудбалер потоа не реализираше пенал за да го зголеми водството на 3-1.
Циганков во вториот дел повторно го матира Столе Димитриевски и израмни (2-2), а на крајот Жирона си освои бод.
Рајо има 36 бодови на осмата позиција во Ла Лига, додека Жирона е на 11. место со 31 бод.