Рафиња: Пред стартот од сезоната бев подготвен да си заминам од Барса!

Рафиња открива дека бил пред заминување во Барселона по крајот на минатата сезона, но еден разговор со Ханси Флик ги променил работите.

Бразилецот е најдобриот играч на Барселона оваа сезона, но малку фалело да биде дел од некој друг клуб.

„Ќе си заминев од Барселона пред стартот на сезоната, но тренерот ме предомисли. Тој ми ја промени кариерата“, откри Рафиља.

Кога Флик бил именуван за тренер на Барселона, тој лично го повикал Рафиња и му кажал колку ќе биде важен за тимот.