Рафаел Бенитез ќе биде новиот менаџер на Тотнем

Искусниот шпански стратег Рафаел Бенитез најверојатно ќе биде нов менаџер на Тотнем и ќе го наследи Жозе Мурињо. 

Тоа ќе биде негово враќање во Премиерлигата, каде има 10-годишно искуство предводејќи ги Ливерпул, Челси и Њукасл. До јануари годинава Шпанецот беше тренер на Далиан во Кина, но си замина поради семејни причини. Пандемијата предизвикана од Ковид-19 не дозволуваше неговото семејство да дојде во Кина на посета.

Тој се врати во Англија, поточно во Ливерпул, каде што живее неговото семејство. Пред извесно време изјави дека неговиот план е повторно да работи во Премиерлигата или Чемпионшип дивизијата, бидејќи му одговара англискиот стил на игра.

Тотнем разговараше со неколку тренери, а прв на листата беше Џулијан Нагелсман, кој сепак се реши за клупата на Баерн Минхен. Бенитез сигурно го има искуството и знаењето да го воскресне Тотнем по просечната сезона под водство на Мурињо. Сега на потег е претседателот Даниел Леви, кој треба да ја донесе конечната одлука за новиот менаџер.