ПСЖ се договорил со најскапиот играч во историјата на Баерн
ПСЖ сака да се засили со најскапиот играч во историјата на Баерн Минхен, Л'Екип објави дека спортскиот директор Луис Кампос начелно се договорил со Лукас Ернандез.
Дефанзивецот подолго време разговара со „баварците“ за продолжување на соработката, но ги стопирал преговорите кога дознал за интересот на ПСЖ.
„Светците“ сега треба да го убедат Баерн Минхен да се раздели со Французинот но во моментов клубот од „Алианц Арена“ не сака да го продаде Лукас Ернандез и се надева дека ќе го убеди играчот да стави потпис на нов договор.
Баерн Минхен за услугите на Лукас Ернандез плати 80 милиони евра во 2019 година.