ПСЖ подготви 60 милиони евра за замената за Кварацхелија - ја купува од Шпанија!

Францускиот шампион ПСЖ активно работи на трансфер-пазарот во потрага по соодветна замена за повредениот Квича Кварацхелија, а како примарна цел за јануарскиот преоден рок неочекувано се издвои крилниот напаѓач на Бетис, Абде Езалзули.

Раководството на парижаните внимателно ја следи ситуацијата околу мароканскиот репрезентативец и сериозно ја разгледува можноста да ја активира неговата откупна клаузула која изнесува околу 60 милиони евра, сума која би можела драстично да ја промени ситуацијата и покрај тоа што играчот има важечки договор со андалузискиот клуб до 2029 година.

Езалзули го привлекуваше вниманието на повеќе европски клубови уште во текот на летниот преоден рок, но раководството на Бетис одбиваше да преговара за сума помала од 55 милиони евра. Главната причина за ваквото цврсто позиционирање на шпанскиот клуб е фактот што 20 проценти од неговиот следен трансфер ѝ припаѓаат на Барселона. Каталонскиот гигант ја вметна оваа клаузула при продажбата на фудбалерот во 2024 година, кога Мароканецот пристигна во редовите на Бетис за скромни 7,5 милиони евра. Досегашниот развој на настаните покажува дека управата на Барселона направила одличен деловен потег со задржувањето на процентот од идната продажба.

Високата цена на крилниот напаѓач е директен резултат на неговата извонредна мината сезона, во која се профилираше како еден од клучните играчи на Бетис. На вкупно 43 одиграни натпревари во сите конкуренции, Езалзули постигна 15 погодоци и забележа 13 асистенции, давајќи огромен придонес во настапите на својот тим и во неизвесната борба за пласман во Лигата на шампионите.