ПСЖ објасни зошто Мбапе ќе го пропушти стартот на сезоната

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да заигра за ПСЖ на стартот на новата сезона во Лига 1, каде што парижаните ја бранат титулата која ја освоија минатата недела.

ПСЖ повторно ќе биде фаворит за трофејот во францускиот шампионат, а новиот тренер Галтие нема да може да смета на Мбапе во првиот меч против Клермон, кој се игра утре.

„Мбапе нема да настапи поради болки во мускулот во пределот на адукторот. Дополнителни прегледи го очекуваат Килијан во следните 72 часа“, соопшти шампионот.