ПСЖ му го понудил Нејмар на Реал Мадрид, а за возврат побарал - три ѕвезди!?

Барселона и ПСЖ во Париз ја имаа првата рунда на преговори за потенцијалниот трансфер на Нејмар, но не успеаа да се договорат, а планот на Каталонците сака да го расипе Реал Мадрид.

За Нејмар е заинтересиран и Реал, кој исто така сака да го ангажира, а шпанските медиуми пишуваат дека ПСЖ го понудил Бразилецот на „кралевите“ и за возврат ги бара Винисиус Жуниор, Лука Модриќ и Касемиро.

Сепак, претседателот на Реал, Флорентино Перез не сака да го пушти младиот фудбалер, кој минатото лето стигна во Мадрид и стана омилен меѓу навивачите.