ПСЖ ќе купи фудбалер за 70 милиони евра, кој нема да биде стартер!

Европскиот шампион ПСЖ е познат по трошењето многу пари на засилувања, а летово планира да продолжи во исто темпо и тренерот Луис Енрике веќе покажал интерес за одличниот Магнес Аклиуш.

Талентираниот фудбалер на Монако вреди околу 70 милиони евра, колку што планираат парижаните да потрошат за неговиот трансфер, но интересно е тоа што Енрике не го смета Аклиуш за стартер.

Аклиуш би бил користен како опција за ротација во тимот, но очигледно младиот фудбалер нема ништо против таа идеја на Енрике.