Проблематичниот Диего Коста повторно во Премиер лигата

Со доаѓањето на Жоао Феликс, екипата на Атлетико Мадрид, ќе мора да се откаже од уште една ѕвезда. Овој пат на излезна врата е Диего Коста, кој по Диего Годин, Желсон Мартинс, Родри и Лукас Ернандес, ќе биде петтиот играч кој ќе си замине во шпанскиот гигант, а истото се очекува овие денови да го направи и Антоан Гризман, кој веќе некое време се споменува со Барселона.

Се чини дека предводникот на „мадриѓани“, Диего Симеоне, одлучил да гради целосно нов тим. Меѓу првите кои си заминаа беше Диего Годин, кој по девет сезони одлучи кариерата да ја продолжи во Интер, По него беа продадени Желсон Мартинс, Родри и Лукас Ернандес, па Менсах, Вието... Со вкупната продажба на овие играчи Атлетико заработи околу 200 милиони евра, а се очекува да заработи уште толку со продажбата на Гризман и Диего Коста.

Од играчите кои пристигнаа на „Ванда Метрополитано“ се Феликс за 126 милиони евра, Маркос Љоренте од Реал (М) за 40 милиони и Фелипе од Порто за 20 милиони.

Факт е дека популарниот Чоло сака да се ослободи од контроверзниот бразилски напаѓач Диего Коста. Според последните информации кои пристигнаа од Шпанија, најверојатно Коста повторно ќе се врати во Премиер лигата, во редовите на Волверхемптон. Тој во 2014 година потпиша за тимот на Челзи за сума од 40 милиони евра и таму се задржа до јануари 2018 година, кога повторно се врати во Мадрид за 66 милиони.