Претседателот на Јувентус конечно се јави по обвинувањата за силување против Роналдо

Кристијано Роналдо ги изненади навивачите, откако реши да го напушти Реал Мадрид и се приклучи на Јувентус за 110 милиони евра, а потоа остана без наградите кои сметаше дека ќе ги добие, но главоболките продолжија со обвинувањето дека силувал една Американка.

Португалскиот фудбалер пред неколку недели беше главна тема на медиумите по обвинувањата на Кетрин Мајорка, која откри дека ја силувал во 2009. година.

Иако Роналдо тоа остро го демантираше, во меѓувреме беше почната истрага поради која португалскиот фудбалер би можел да заврши во затвор.

Своето мислење за скандалот по првпат го кажа и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

„Имам лоша навика затоа што кога ќе се појави некој проблем со некого секогаш сакам да ја гледам личноста во очи. Поставувам прашања и по нивните реакции донесувам заклучок. Мирен сум по разговорот со Роналдо, чувствувам дека е невин. Го убедив дека во Јувентус сите го поддржуваат во моментов“, кажа Ањели.

Да потсетиме, Кетрин тогаш откри дека силувањето се случило во 2009. година, а наводно Роналдо платил за да молчи и да не ја открива вистината.