Премиерлигата прифати: Ќе се користат по пет измени на меч!

Во тек е состанокот на управата на Премиерлигата со претставниците на клубовите од најсилната лига на Островот, а новинарот Давид Орнштајн објави дека веќе е постигнат договор за измените.

Новинарот објави дека е прифатено правилото за пет измени, а тоа најпрво беше воведено во Бундеслигата.

Тоа е нешто што сигурно ќе им помогне на премиерлигашите, кои ги очекува пеколно темпо по рестартот на сезоната.