Предупредување за Нејмар: Тој што мисли дека е поголем од клубот, нека си замине!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, пред една недела кажа дека Нејмар останува сигурно, но сега кажа дека никој не е поголем од тимот.

Ал-Келаифи кажа дека ако некој е незадоволен, а притоа пристигне добра понуда, истиот фудбалер може да замине од клубот, а не беше нагласено што ќе се случува со Нејмар, иако претпоставуваме дека ова е порака токму до него.

Управата на Реал Мадрид досега имаше два состаноци со таткото на Нејмар, а тој вршеше притисок да испратат понуда од 280 милиони евра и им кажал дека Јунајтед е голема закана за нив.

Затоа што Жозе Мурињо, наводно, бил подготвен да го понуди Пол Погба како дел од договорот, но и сума од 250 милиони евра за Бразилецот.

„Кој не сака да прифати дека клубот е поголем од него, ќе мора да го напушти“, кажа Ал-Келаифи.