„Предавникот“ се врати во Фиренца: Влаховиќ доби жесток дочек и цитати од Пеколот на Данте (ФОТО+ВИДЕО)
Настрана што свирежите со 10.000 свирчиња го дочекаа Влаховиќ кога се појави на теренот, навивачите му подготвија и навреди дека е – циган и кловн. Дури и кореографија посветија со цитат од „Пеколот“ на Данте, еден од најпознатите личности од Фиренца.
„Радувај се Фиренцо зашто си толку голема. Што над морето и над копното со крила тепаш и по пеколот твоето име се шири“ е цитатот од осмото поглавје на „Пеколот“ посветено на измамниците и предавниците.
Vlahovic is back here 🔥
— Lorenzo Bettoni (@LoreBetto) March 2, 2022
Looking forward to the game#FiorentinaJuve #CoppaItalia #CoppaItaliaFrecciarossa #Vlahovic pic.twitter.com/Xvm0PA5muh
А, на трибините имаше уште една порака.
„Сега не сакам повеќе говори, исздајнику. На твојата срамота, јас на земјата ќе донесам вистински вести кои тебе ќе те посрамотат“.
Фиорентина е домаќин на првиот меч од полуфиналето во италијанскиот Куп на Јувентус.