Пред неколку дена ја победи короната, па сега го плукна противникот! (ВИДЕО)

Дербито во француската Лига 1, кое го доби Марсеј со 1-0 против ПСЖ на „Паркот на принцовите“ го одбележа тепачка на крајот на мечот, кога беа доделени пет црвени картони.

Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија може да биде сериозно казнет поради тоа што плукна кон Алваро Гонзалес.

Ди Марија пред неколку дена го победи ковид-19, а сега без многу двоумење реши да го плукне човекот, кој наводно го навреди Нејмар на расна основа.

Судијата овој потег не го забележа, но го снимија камерите, па сега навивачите бараат жестока казна за фудбалерот на парижаните.