
Познати се деталите за здравствените проблеми на Мбапе поради кои ослабна шест килограми!
Сега „Л'Екип“ открива повеќе детали за ситуацијата која ја имал Килијан Мбапе. Се работи за тешко труење со храна предизвикано од бактерија присутна во пилешко месо.
Ситуацијата била далеку од банална, лекарскиот тим на Реал Мадрид се сомневал и на напад од апендицитис (воспалено слепо црево).
Деталните тестови подоцна го откриле труењето од пилешкото месо.
Како последица на болеста, Килијан Мбапе загубил шест килограми, па затоа и неговото враќање на терените се одбива бавно, тој се уште не бил стартер на Светското клупско првенство.