Повредениот соиграч на Ристовски: Шокиран сум од насилничкото однесување!

Холандскиот напаѓач, Бас Дост, беше еден од фудбалерите кои беа претепани од хулигани во академијата на Спортинг Лисабон.

Дост одлучи да зборува за целиот настан и кажа дека е шокиран од насилничкото однесување на хулиганите, а потоа ги поздрави вистинските навивачи кои застанале во одбрана на екипата.

„Шокиран сум од ова насилство против тимот во вторник. Но, од друга страна ме прави среќен реакцијата на вистинските навивачи на Спортинг, на кои сакам да им се заблагодарам за поддршката. Ми значи премногу. Јас сум горд на тимов, па ќе го поминеме и овој тежок период заедно“, кажа Дост.

Да потсетиме, во вторникот околу 50 насилници влегле во соблекувалната на Спортинг и ги нападнале играчите, а тие едвај извлекле жива глава. Со најтешки повреди, односно повреда на главата поминал токму Дост.