Ристовски и соиграчите едвај спасиле жива глава!

Неверојатни информации пристигнуваат од Португалија, откако Спортинг Лисабон го загуби второто место, 50 навивачи ги нападнале фудбалерите.

Медиумите од Португалија пишуваат дека навивачите ја уништиле соблекувалната, а потоа ги нападнале играчите и стручниот штаб. Покрај тренерот, повредени се соиграчите на Ристовски, Вилијам, Руи Патрисио, Маркос Акуна, Монтеро, Бас Дост и Јосип Мишиќ.

Ова се случило по поразот од Маритимо (2-1) минатиот викенд, а со тој пораз Спортинг му го препушти второто место на тимот на Бенфика.