Потврда од Шведска: Ибра доаѓа во Хамарби, но не како фудбалер (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ вчера ја изненади фудбалската јавност, откако објави дрес на Хамарби со неговото презиме, па многумина помислија дека тоа ќе биде негов нов клуб.

На официјалниот сајт на клубот беше објавено дека Ибра ќе дојде во клубот, но за да инвестира во екипата и да купи акции на Хамарби.

Првиот човек на клубот Ричард фон Ајкскул вели дека тоа е одличен маркетинг потег за клубот, но и шанса на Ибра да му помогне на Хамарби.

„Ова е нешто ново и големо за нас. Имавме убав развој во последните неколку години, сакаме да направиме исчекор во Европа. Кога ќе донесете човек како Ибрахимовиќ, со страст и менталитет како неговиот, може само позитивно да размислувате. Нема да откриваме многу детали, но јасно е дека има голем простор за соработка и напредок“, порача Фон Ајкскул.