Потпиша за клубот кој го навредуваше, па мораше да им се извини на навивачите (ВИДЕО)

Чешкиот репрезентативец Матеј Јурашек во петокот стана нов фудбалер на Спарта Прага, каде што стигна на позајмица од Норич сити со опција да го откупат неговиот договорт. Сепак, неговото доаѓање беше необично затоа што навивачите му покажаа дека не го заборваат неговото минато.

Јурашек го почна фудбалскиот пат во Славија и беше близок со најверните навивачи на клубот, па исто така испраќаше провокации и навреди кон големиот ривал Спарта, каде што ќе игра во иднина.

Ултрасите на тимот од новото засилување побараа извинување, па Јурашек немаше друг избор освен да го земе микрофонот и да ја признае грешката.