Потег за пример: Мертенс покажа што е фер-плеј! (ВИДЕО)

Наполи загуби од Аталанта со 1-2 во 33. коло од италијанската Серија А, а во центар на внимание беше фер-плеј потегот на напаѓачот Дрис Мертенс, кој ја воодушеви јавноста.

Мертенс тргна сам кон голот на Аталанта, па се обиде да го помина гостинскиот голман, по што падна, но на судијата му покажа дека немало прекршок.

Ова е навистина прекрасен потег од еден професионален фудбалер и дефинитивно треба да го следат многу други играчи.