Пораз од Интер значи крај за Фонсека, Ибрахимовиќ веќе има замена
„Росонерите“ ниту играат, ниту бележат резултати според очекувањата поради што се почесто се поставува прашањето зошто беше избркан Стефано Пиоли. Како што тврдат италијанските медиуми, Златан Ибрахимовиќ веќе денеска почнал потрага по нов тренер кој би го заменил Фонсека и има стручњак кој е подготвен да седне на жешката клупа.
Станува збор за довчерашниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, Германец со хрватски корени кој лани направи огромен успех со пласманот во финалето од Лигата на шампионите. Терзиќ се спомнуваше како можен тренер на Рома, но таа опција отпадна и тој е слободен да го преземе Милан.